IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Свет: „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра

23.02.2018

Шпанскиот трговец „Диа" извести за остварена бруто-продажба од 10,3 милијарди евра во 2017 година, што претставува зголемување за 1,5% во споредба со претходната година.

Најголемиот пораст од 10,8%, „Диа" го забележала на пазарите во развој, но на вкупниот биланс, како што соопштуваат од компанијата, влијаел падот на продажбата од 3,3% на пиринејскиот пазар, кој го сочинуваат Шпанија и Португалија.

Продажбата во Шпанија се намалила за 3,8% на 5,7 милијарди евра, а како причина за тоа од „Диа" го наведуваат намалувањето на вкупната продажна површина. Од друга страна, трговецот истакнува дека во втората половина од 2017 година, успеал да ги доведе цените на конкурентно ниво.

Во Аргентина и во Бразил, „Диа" го зголемила пазарниот удел и достигнала до 14,4%, односно до 7,7%, додека вредноста ЕБИТДА се зголемила на 142,3 милиони евра.

Рикардо Курас, извршен директор на групацијата „Диа", изјави дека во 2017 година, трговецот првпат не ги исполнил своите финансиски цели на домашниот пазар, но биле постигнати задоволувачки резултати на другите пазари, како што се Бразил, Аргентина и Португалија.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top