IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 16.01.2019 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Србија: „Будимка“ на продажба во април?

15.03.2018
За купување на „Будимка" заинтересирани се повеќе од дваесет странски и српски компании, кои ќе ги откријат понудите во април, кога се очекува да се распише огласот за продажба. 

На листата доверители се стопански објекти, работници, банки, фондови и др, a долгот кон нив е околу 12 милиони евра. По продажбата се очекува враќање на долговите според приоритет.

„Будимка" поседува голем капитал: околу 30 хектари земјиште, околу 100.000 м² производствени погони за преработка на овошје, зеленчук и месо, ладилници, фарма како и 15 хектари слободна површина. 

Кога сето тоа би профукционирало капиталот на фабриката би вредел околу 20 милиони евра, но треба да се има предвид и долгот од 12 милиони евра. Вредноста на капиталот, најверојатно, ќе биде проценет на околу 8 милиони евра, но поради банкротот, почетната продажна цена ќе биде преполовена и ќе изнесува околу четири милиони евра. Доколку компанијата се продаде за таа сума ќе се исплати 30% oд доверителскиот долг, објаснува Ѓорѓе Стевановиќ, член на Советот на доверители. 

Со успешната продажба на „Будимка", како што оценува Стевановиќ, ќе се отворат нови деловни можности, сметајќи ги и вработените, за почеток околу 100 работници, со преспектива да се ангажира уште 200. Од друга страна на кооперантите им се овозможува можност да продолжат со производство на овошје и зеленчук. 



Назад
 
 
 
 
back to top