IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: „Бимилк“ прославува 65 години

05.12.2017

Компанијата, која е формирана како првата млекарница во земјава – „Битолска млекара", годинава прославува 65 години работење.

Млекарницата ги влече корените од далечната 1952 година, кога од повеќе трговски претпријатија било формирано млекарското претпријатие „Млекар" – Битола, чијшто дневен капацитет изнесувал 10.000 литри. Денес, компанијата може да се пофали со годишна преработка од повеќе од 90 милиони литри млеко и производство на повеќе од 54 различни производи, информираат од компанијата.

Денес, „Битолска млекара" е најголемиот производител на млеко и на млечни производи во земјава, секојдневно задоволувајќи ги потребите на повеќе од еден милион потрошувачи, стои во соопштението на компанијата, при што се нагласува дека потрошувачите се во фокусот на деловната стратегија од почетокот до денес.

Во соопштението се додава дека следењето на светските трендови и инвестициите во софистицирани технологии, овозможиле проширување на асортиманот и креирање производи што ја потврдуваат лидерската позиција на компанијата во млечната индустрија. Освен тоа, успехот на млекарницата се должи и на добрите односи што компанијата ги гради со кооперантите и фармерите. За тоа, според „Бимилк", говори и фактот што млекарницата денес е најголемиот купувач на сурово млеко во земјава.


Назад
 
 
 
 
back to top