IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Македонија: „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола

17.09.2018
По отворањето на првата Balans+ Зона во Општина Карпош во Скопје, „Бимилк" денес отвори уште едно спортско-рекреативно катче, овој пат во матичниот град на компанијата – Битола.Како локација за новата Balans+ Зона е одбрано спортско-рекреативното катче Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани.
 
Со оваа донација на „Бимилк", на Тумбе Кафе се поставени повеќе справи за рекреација и одржување баланс на телото под брендот на „Balans+". 

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, нагласи дека оваа донација е од исклучителна важност, не само поради тоа што  битолчани ќе имаат ново катче за спорт, туку и поради тоа што целата локација на Тумбе Кафе е обновена и добива сосема нов лик.
 
Навистина ни е драго што од „Бимилк" вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ беше потребно освежување. Со овој несебичен гест тие обезбедуваат нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, но придонесуваат и за квалитетот на живеење на целата наша заедница и не е прв пат компанијата да излезе во пресрет на нашиот град и на битолчани", изјави Петровска

Од „Бимилк" истакнаа дека отворањето на Balans+ зоните е со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење, а во согласност со пораките на брендот „Balans+". 

Среќни сме што Општина Битола ни дозволи да го обновиме ова место, кое за нас како битолчани е од исклучително значење за практикување здрав начин на живот. Всушност, долгорочна цел на компанијата е да допреме до што поголем број граѓани и да ги поттикнеме на спорт и рекреација, така што верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат на Тумбе Кафе, со што како компанија уште еднаш ќе потврдиме дека еднакво се грижиме и за националниот, но и за локалниот развој и за здравјето на битолчани. Имено, преку порфолиото на ‘Balans+’ ги комуницираме придобивките од редовно консумирање здрава исхрана и постигнување внатрешен баланс во организмот, па верувам дека една ваква зона под брендот на ‘Balans+’ ќе ја пренесе пораката и за важноста од практикување спортски активности и постигнување баланс на телото", рече Полексена Јанкуловска, маркетинг - менаџер во Бимилк.

Назад
 
 
 
 
back to top