IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 20.05.2018 || Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |  Потрошувачката на пиво е најголема во последните пет години  |  „Подравка“ со најдобри резултати во историјата  |  Суперлативи од „Вајн адвокејт“ за три вина на „Стоби“  |  „Виталиа“ ќе вработува ученици по нивното матурирање   |  „Меркатор“ забележа загуба од 181 милион евра  |  „Лидл“ им ги зголеми платите на вработените  |   ||
   

Хрватска: „Атлантик група“ бележи двоцифрен раст на повеќето деловни сегменти

07.05.2018
Во првиот квартал од 2018 година, „Атлантик група" оствари вкупни приходи од продажба од 152,4 милиони евра, што претставува зголемување од 3 отсто во споредба со истиот период минатата година.
 
Добивката пред (EBITDA) изнесуваше 16,2 милиони евра, што претставува зголемување за 11,3 отсто, додека нето-добивката по малцински интерес се зголеми за 17,8 отсто на 8,2 милиони евра. Исклучителни резултати беа постигнати  еднакво кај дистрибутивниот бизнис и сопствените брендови, со кои се компензираше недостигот на приходите од услугата за производство на спортска исхрана поради продажбата на производните капацитети на белгиските Aminolabs.

„Атлантик група" одлично почна уште една деловна година. Важно е да се истакне дека порастот на приходите е проследен со раст на профитабилноста, што укажува на тоа дека ова е здрав и одржлив пораст. Понатамошно намалување на долгот, значително пониските финансиски трошоци и зголемување на ликвидноста ни овозможи да се фокусираме на уште поамбициозен план за пораст во иднина, изјави Емил Тедески, претседател на Управата на „Атлантик група".



Назад
 

 
 
 
back to top