IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Европа: „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри

19.02.2018

За да обезбеди континуиран пораст, „Амазон" најави продолжување на инвестициите на европскиот пазар.

Најголемиот светски интернет-трговец во Франција годинава ќе отвори околу 2.000 нови работни места, како дополнување на постојната база од 5.500 работници. Најголемиот дел од новите позиции ќе бидат создадени во дистрибутивните центри низ целата земја, како и во седиштето на компанијата.

Во Италија, во близината на Торино, трговецот наесен ќе го отвори 4. дистрибутивен центар. Во објектот, на површина од 60.000 квадратни метри, ќе бидат вложени 150 милиони евра и во следните години ќе бидат отворени нови 1.200 работни места.

Неодамна во Шпанија, „Амазон" во соработка со дисконтниот синџир „Диа", ја прошири услугата за брза достава Amazon Prime Now и во Валенсија. Корисниците на оваа услуга, производите ги нарачуваат преку апликацијата Prime Now, која истовремено им покажува на кои поштенски броеви услугата е достапна.

Во Велика Британаија, е-трговецот веќе работи преку 16 дистрибутивни центри, а до крајот на годинава, планира отворање на уште четири. Во Германија, од неодамна е најавено отворање на уште еден дистрибутивен центар, со кој ќе бидат обезбедени нови 1.000 работни места.

Извор: www.lebensmittelzeitung.net

Назад
 
 
 
 
back to top