IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

САД: „Амазон“ ги намали цените за 43%

30.08.2017

На првиот ден во својство на сопственик на прехранбениот синџир супермаркети „Хол фудс", „Амазон" ги намали цените на производите за дури 43%.

Во продавницата на 57. улица во Менхетен, цената на органските јаболка фуџи е намалена на 1,99 долари за фунта (450 грама) од претходните 3,49 долари, органското авокадо е намалено  на 1,99 долари по парче од 2,79 долари, додека цената на некои банани е намалена на 49 центи по фунта од 79 центи.

Во понудата на полиците во „Хол фудс" се најде и Amazon Echo, електронски помошник кој се активира со глас, по цена од 99,99 долари. Тоа претставува остар продор на електрониката во трговијата позната по кељот и по киноата. Помалата верзија на електронскиот асистент – Amazon Echo Dot, се продава за 44,99 долари.

Технолошкиот гигант „Амазон" со купувањето на „Хол фудс" за 13,7 милијарди долари предизвика огромен бран во малопродажната индустрија, која е веќе зафатена од големи промени.

Спојувањето на „Амазон" со елитниот продажен прехранбен синџир на потрошувачите им обезбедува поповолно купување. Намалувањето на цените во продажниот синџир, кој беше познат по високите цени, е знак дека „Амазон" е сериозен конкурент на „Волмарт", „Крогер" и на „Костко", заклучува „Блумберг".


Назад
 
 
 
 
back to top