IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Холандија: „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење

13.09.2017

„Ахолд Делез" се најде меѓу лидерите за одржливо работење во малопродажбата за 2017 година, според индексот на одржливост „Дау Џонс".

Компанијата добила вкупна оценка 73 од 100, што ја надминува средната оцена од 45 во малопродажната индустрија. Индексот „Дау Џонс" е клучен показател за инвеститорите колку компанијата вложува во одржливиот развој.

Голема е честа што компанијата „Ахолд Делез" е препознаена како лидер во малопродажбата според светскиот индекс за одржливост. Тоа ги потврдува напорите на сите наши брендови и на 370.000-те вработени, а одржливото работење е составен дел од нашата стратегија „Заедно сме подобри", истакна Дик Боер, генерален директор на „Ахолд Делез".

Тој додава дека компанијата ќе продолжи со развојот на локалните брендови (21 во 11 земји) и ќе стане подобро место за купување и за работа: Со промовирањето на здравата исхрана, намалување на количеството на храната што се фрла и со создавањето поздрава средина за работење, на најдобар начин ќе влијаеме на животите на нашите купувачи, колеги и на заедницата.

Индексот „Дау Џонс" е воведен во 1999 година како прв глобален стандард за одржливост, кој ги следи резултатите на водечките светски компании според стопански, еколошки и општествени критериуми.


Назад
 
 
 
 
back to top