IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 23.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Македонија: „Алкалоид“ одбележува 40 години Becutan

04.04.2018

Фармацевтската компанија „Алкалоид" го означи почетокот на прославата на 40-годишниот јубилеј на еден од своите најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца Becutan, со свеченост на која беа поканети претставници од медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и блиски соработници на компанијата.

Приказната на Becutan почнува во 1978 година, со лансирање пет производи за нега на бебешката кожа, од кои прв бил создаден кремот за бебешка кожа Becutan. Посетителите имаа можност изворно да ја слушнат приказната на Блажо Ставров и Софка Солеска, технологот и фармацевтот што ја создадоа формулата на кремот Bekutan

Во палетата на Becutan денес се врбројуваат 26 различни производи, со 50 различни форми на пакување, а од кремот Becutan досега биле продадени 45 милиони парчиња.

Пред присутните беа преттавени седумте нови Becutan модели, новите заштитни лица од бебешките пелени и влажната тоалетна хартија, пригодно редизајнирани за 40-годишнината.

Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, Becutan е синоним за постојан квалитет, доверба и лојалност. И во иднина, како компанија, ќе продолжиме да работиме сериозно и максимално посветено, истакна во своето обраќање Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид".

Четиридеценискиот јубилеј компанијата ќе го одбележи со лимитирани, трендовски пакувања од шампонот и пенливата купка, нови форми од кремот Bekutan, стикери за Viber и наградна игра, како и со неколку изненадувња.

На настанот прмиерно беше емитуван и новото рекламно видео, снимено по повод јубилејот, а на пет докторки-педијатри им беа доделени благодарници за доглгогодишна соработка „Почесни бренд амбасадори". Како благодарност за професионалноста и парнерската соработка низ годините, на пет здрваствени установи им беа доделени јубилејни плакати.


Назад
 
 
 
 
back to top