IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Португалија: „Алди“ и „Лидл“ најатрактивни за Португалците

06.06.2018

Дисконтните синџири „Алди" и „Лидл" се прогласени за „најдинамични и најатрактивни продавници" во Португалија во минатата година, според истражувањето на португалската бренд-асоцијација „Центромарка", во партнерство со агенцијата „Кантар ворлдпанел".

Во набљудуваниот период, како што се констатира, поголемиот дел од инвестициите на „Лидл" биле насочени кон развој на приватни трговски марки, а својата понуда „Алди" ја зацврстил со поголем број „мејнстрим" брендови.

Вкупната вредност од продажбата во трговијата со стоки за широка потрошувачка миинатата година забележала пад од 2,7%, но, од друга страна, „Лидл" и „Алди" забележале пораст од 8,9% и 28,5%.

„Алди" во Португалија работи со 60 продажни места, а неодамна го отвори својот најголем објект во земјата, на површина од 1.200 квадратни метрии. „Лидл" е присутен со 250 објекти и четири дистрибутивни центри.


Назад
 
 
 
 
back to top