IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 21.08.2018 || АХВ има список од 30 можни производители на ГМО ориз  |  Акцизите за цигари и алкохол нема да се плаќаат однапред  |  „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |   ||
   

Азија: „Алди“ го развива бизнисот во Кина

13.03.2018

Дисконтниот синџир „Алди" планира да основа синџир со физички продавници во Кина, една година откако почна со е-трговијата во таа азиска земја.

Во моментов, компанијата  е посветена на комплетирање на тимот менаџери, кои имаат европско искуство, а во следните неколку години, дисконтерот планираа да отвори околу 50 објекти.

„Алди" на кинескиот пазар влезе минатиот март, нудејќи ги своите производи на Tmall.com, е-платформа која функционира во рамките на гигантот „Алибаба". Во понудата на трговецот засега се вклучени производите од германско потекло, како што се виното, соковите и производите за појадок.

Со продавниците во Кина ќе управува крилото „Алди зид", кое има филијали во Германија, Австрија, Велика Британија, Ирска, Унгарија, Италија, Словенија, Швајцарија, САД и во Австралија. Од друга страна, сестринската фирма „Алди норд" оперира во Германија, Белгија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија и во Шпанија.

Извор: www.lebensmittelzeitung.net


Назад
 
 
 
 
back to top