Регион

Нова дигитална платформа за донација на храна

08 ное 2019

Првпат во Србија ќе може со само еден клик да се донира храна благодарение на новата дигитална платформа која ќе помогне да се зголеми количеството храна што се донира. На овој начин се зголемува и бројот на корисници на Банката за храна во Белград, во која се донира храната.

Дигиталната платформа ќе ја реализираат УНДП и компанијата „Делез Србија“, која одлучи на овој начин да го надгради проектот „Им помагаме на оние што немаат“.

Новата дигитална платформа ја развива ИТ-тимот на УНДП и е осмислена така што може да ја користат сите компании кои сакаат да ѝ се приклучат на иницијативата. 

Како компанија веќе четири години го реализираме проектот за донирање овошје и зеленчук и за стратешко планирање на вишокот храна. Со поддршка на УНДП имаме можност да развиеме модел за донирање кој ќе одговори на потребите на хуманитарните организации, изјави Милена Јевиќ-Гледовиќ, потпретседател на правните работи и заштита на ресурсите во „Делез Србија“.