Регион

„Браќа Пивац“ продолжува со преземањето на „Краш“

06 ное 2019

Во текот на одржаното Собрание на компанијата „Краш-ЕСОП“ (во кое се здружени малите акционери на „Краш“) се расправаше и се гласаше за предлогот за склучување договор за заедничко дејствување со месната индустрија „Браќа Пивац“. Членовите едногласно одлучија да не се склучи договорот.

Основната причина за одлуката е неможноста на компанијата, во случај на заедничко дејствување со „Браќа Пивац“, да обезбеди финансиска конструкција за содејствување во преземањето на „Краш“.

Оваа одлука не ги менува работите бидејќи најголемиот поединечен акционер, месната индустрија „Браќа Пивац“, ќе продолжи со понудата за преземање на „Краш“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...