Регион

Словенија: „Шпар“ донираше 1,5 тони храна за напуштените животни

06 ное 2019

Трговецот „Шпар“ седма година по ред организираше уште една добротворна акција наречена „Среќни опашки, искрени насмевки“  

Со помош на добавувачите, собрани се 1.500 килограми храна и 1.200 додатоци, кои беа доделени на шест непрофитни организации во Словенија. 

Животните се препознатливи по позитивните ефекти што ги имаат врз луѓето, поради што и домашните љубимци имаат посебно место во нашите животи. За жал, многу од нив остануваат без дом, препуштени на волонтери и на разни организации. Како општествено одговорна компанија, веќе седма година организираме добротворна акција „Среќни опашки, искрени насмевки“ и донираме средства на организации кои се грижат за напуштените домашни миленици, соопштија од компанијата. 

Покрај хуманитарниот карактер, акцијата има за цел да ја подигне свеста за одговорна грижа за домашните миленици. 

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...