Регион

„Нектар“ основа „Не е сеедно“ фондација

16 окт 2019

Компанијата „Нектар“ основа фондација наречена „Не е седно“, која ќе поддржува проекти кои би го зголемиле наталитетот во Србија, би ги вратиле децата кон природата и би им помогнало да младите кои се занимаваат со земјоделство. 

Првиот конкретен проект на новата фондација, во соработка со Министерството за здравство на Србија, ќе биде основање советувалишта за вонтелесно оплодување во здравствените установи, отворање центар за вонтелесно оплодување како и бесплатен национален број на кој граѓаните ќе добиваат информации и психолошка поддршка за овој процес. 

Како семејна компанија која постои две децении, остануваме верни на „Не е сеедно“ филозофијата и сакаме стратешки и континуирано да оставиме трага во областите во кои можеме да придонесеме со својот труд, средства, знаење и иксуство, изјави Ана Радун, заменичка на генералниот директор на „Нектар“ и претставничка на семејството Радун. 

Секој шести пар во Србија има проблем да добие потомство по природен пат. Во акцијата „Не е сеедно кога бебето доаѓа“, „Нектар“ заедно со Министерството за здравство го реконструира одделението за вонтелесно оплодување на Клиниката за гинекологија. 

На настанот по повод основањето на фондацијата беа претставени и другите две области за кои фондацијата ќе развие низа проекти за кои се предвидени и пракса и стипендии.