Регион

Фабрика за чоколадо на „Бери Калебаут“ ќе се отвори во Нови Сад

25 сеп 2019

Претставници на Владата на Србија потпишаа договор со менаџментот на швајцарската компанија „Бери Калебаут“ за изградба на фабрика за чоколадо во Нови Сад

За таа цел, компанијата доби од државата земјиште од нешто повеќе од два хектари, во индустриска зона, без надомест, а инвеститорот се обврза да инвестира 45 милиони евра во изградба на фабриката и да вработи повеќе од 100 луѓе на неопределено време. 

Наскоро влегуваме во следната фаза од инвестицијата и во наредните месеци може да се очекува почеток на градежните работи. Србија во нас доби исклучителен партнер за развој на прехранбената индустрија, изјави Стојан Кемера, генерален менаџер на „Бери Калебаут“ за југоисточна Европа. 

Компанијата беше основана во 1996 година, со спојување на француската компанија „Какао Бари“ и белгиската „калебаут“. Седиштето ѝ е во Цирих, а свои фабрики има во повеќе од 30 земји со околу 11.500 вработени.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...