Регион

Нов хипермаркет „Томи“ во Супетар

20 сеп 2019

Трговскиот синџир „Томи“ неодамна отвори ново продажно место во Супетар, на островот Брач, на адреса Жедно-Драге бр.1.

„Томи“ во Супетар е современо и фнкционално опремен, а површината на просторот е околу 1.800 м², со голем број паркинг-места.

Во рамките на новоотворениот хипермаркет се наоѓа широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, како и свежо месо, рибарница, готови јадења, овошје, зеленчук, деликатеси и пекарница. За обезбедување на подобра функционалност на продажниот простор во хипермаркетот се инсталирани четири брзи и самопослужувачки каси.

Во хипермаркетот постои модернизиран и забрзан процес на прифаќање на амбалажата, бидејќи е инсталиран систем за прифаќање од најнова генерација, со што „Томи“ ја покажува стратешката ориентираност за развој и зачувување на околината.

Со инвестицијата на трговецот се отворени 40 нови работни места.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...