Регион

Нова управа на „Атлантик група“

04 сеп 2019

Од први октомври управата на „Атлантик група“ ќе се прошири на шест членови.

Раководството ќе го сочинуваат претседателот на управата, Емил Тедески и членовите: Невен Вранковиќ, Зоран Станковиќ, Лада Тедески Фиорио, Среќко Накиќ и Енцо Смрекар. Зајакнувањето на Управниот одбор е логично продолжување на процесот на дефинирање на корпоративна стратегија и приоритети во понатамошниот развој на компанијата, кој започна во февруари минатата година.

Преку ревизија на целосната деловна пракса и дефинирање на стратегија и корпоративни приоритети, идентификувани се области кои претставуваат темел за трансформацијата во иднина и клучните двигатели на раст, кон кои ќе се прилагоди целата организација, почнувајќи со организацијата на Управниот одбор. Клучните области вклучуваат развој на дистрибуцијата, фокусирана меѓународна експанзија на портфолиото на „Атлантик група“ и спојувања и преземања.

Лада Тедески Фиорио, досегашнна потпретседателка на Надзорниот одбор, поради преземање на нови задолженија кои се неспојливи со членството во Надзорниот одбор на компанијата, го напушта истиот и како член на Управата ќе биде одговорна за развој на бизнисот и стратегијата. Среќко Накиќ како нов член на Управниот одбор, ќе биде одговорен за целокупната дистрибуција, а Енцо Смрекар ќе има одговорност за управување со брендовите Argeta и Donat Mg кои имаат најголем меѓународен потенцијал во рамките на портфолиото на „Атлантик група“.