Регион

Половина од менаџерите на „Конзум“ летово работат во маркетите

14 авг 2019

Во маркетите на „Конзум“ ова лето покрај студенти, работат и менаџери и вработени во Управата на компанијата.

Тие имаат можност пред или после годишниот одмор да одработат по една недела во продавниците. 

Тоа е најдобар начин колегите да се запознаат одблиску со процесите и стaндaрдите на работење внатре во маркетите, односно и практично да стекнат увид во тоа како нивните секојдневни одлуки се одразуваат на одредени продавници, а со тоа и на вкупната малопродажба, велат од синџирот маркети.

На овој начин се решава и проблемот со недостаток на работна сила, со кој се соочуваат многу сектори во Хрватска.