Регион

Црна Гора и БиХ го забранија увозот на свинско месо од Србија

13 авг 2019

Црна Гора и Босна Херцеговина го забранија увозот на свињи, свинско месо и преработки од месо од Србија поради појавата на болеста африканска свинска чума.

Во екстремни случаи, увоз може да се дозволи на одредени месни преработки, производи од месо и останати производи кои го содржат потеклото од домашните свињи само доколку ги исполнуваат барањата пропишани со Наредба за забрана на увоз и транзит пратките на производите од свињи, соопштија од Управата за безбедност на храната на Црна Гора.

Србија пријави четири случаи за кои се сомнева дека станува збор за свинска чума кај домашните свињи. Три случаи се регистрирани во околината на Белград, а еден во јужнобанатскиот округ.

Вчера таква забрана донесе и македонската Агенцијата за храна и ветеринарство. Од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки. Пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...