Регион

Пропадна огласот за закуп на БИП

18 јул 2019

Никој не се јави на огласот за изнајмување на АД „Белградска индустрија за пиво, слад и безалкохолни пијалоци“ - БИП во стечај. 

Комисијата што ја формира српската Агенција за лиценцирање на стечајни управници го прогласи огласот за неуспешен бидејќи ниту една фирма не уплатила депозит до 15 јули, што беше услов за учество на огласот. 

Огласот беше објавен пред 10 дена, и се толкуваше како последна шанса за спас на БИП откако компанијата „М6 Еден Срб“ на македонскиот менаџер Светозар Јаневски го прекина договорот за соработка со белградската пиварница. 

Условите за новиот закупец беа: да биде регистриран за обавување дејност во производство на пиво, алкохолни и безалкохолни производи, во понудата да напише колку е подготвен да плати за месечен закуп на БИП, да вработи најмалку 100 луѓе, три месеци однапред да плати кирија или да положи банкарска гаранција и месечното производство на пиво да не биде помалку од 5000 хектолитри.

М6 влезе во БИП во 2017 година, кога ги зема под закуп сите брендови на пиварницата. 

Белградската пиварница била основана во 1872 година, а под името „Белградска индустрија за пиво" работи од 1963. Пиварницата го имаше најголемиот удел на пазарот во Србија сè до 2000 година, кога почна да ја губи битката со ривалските пиварници.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...