Регион

Групацијата „Орбико“ стана мнозински сопственик на „Интербрендс“

08 јул 2019

Групацијата „Орбико“ стана мнозински сопственик на германската компанија „Интербрендс“, во која сега поседува 60 отсто удели. 

Со оваа трансакција, „Орбико“ стана водечки диструбутер на стоки за широка потрошувачка на романскиот пазар. 

Процесот на преземање се одвива во неколку фази. „Орбико“ првично презеде 20 отсто од уделите во „Интербрендс“, а минатата недела го реализираше преземањето на уште 35 отсто удели, откако доби одобрение од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција. 

„Орбико“ во следните 36 месеци ќе остане сопственик со 60 отсто удели, со малцински партнер кој ќе поседува 40 отсто. По истекот на тој период, „Орбико“ ќе ги откупи и тие 40 отсто удели и ќе стане единствен сопственик на „Интербрендс“, соопштија од групацијата „Орбико“.  

„Интербрендс“ е водечки дистрибутер на производите на стратешките партнери во Романија, како што се брендовите IProcter&Gamble, Coty, Danone, Duracell, Nestleи други. Станува збор за компанија со 2.000 вработени и годишни приходи од 200 милиони евра.