Регион

Последна шанса за БИП: Објавен оглас за закуп на белградска пиварница

08 јул 2019

Агенцијата за стечај на Србија објави оглас во кој се  повикуваат сите  заинтересирани за изнајмување на АД  “Белградска индустријата за пиво, слад и безалкохолни пијалаци” – БИП во стечај, пишува српски „Блиц

Заинтересираните кои сакаат да го изнајмат производниот капацитет можат да  достават понуди најдоцна до 18-ти овој месец во Агенцијата. На истиот ден ќе бидат  отворени  ковертите со понуди за закуп.

Пред тоа, домашните или странски потенцијални закупци треба да уплатат депозит( до 15 јули) во висина од 15 милиони динари.

Условите се новиот закупец да биде регистриран за обавување дејност во производство на пиво, алкохолни и безалкохолни производи.  Доколку понудувачот е инвестициски фонд, здужение или конзорциум , неопходно е да достави доказ за соработка со правно лице кое се занимава со оваа дејност. Во понудата идниот закупец треба да напише колку е подготвен да плати за месечен закуп на БИП.

Новиот закупец треба да вработи најмалку 100 луѓе и три месеци однапред да плати кирија или да положи банкарска гаранција, а месечното производство на пиво да не биде помалку од 5000 хектолитри.

Огласот следува по информацијата од минатата недела, дека БИП на македонскиот менаџер Светозар Јаневски престанува со работа

Од компанијата „М6 Еден Срб“ потврдија дека одлучиле да го прекинат договорот за бизнис соработка со БИП во стечај.

Верувавме во можноста за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме пред две години во обнова. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која 180 години е симбол на Белград. За жал, без оглед на големите месечни вложувања, посветеност и ентузијазам, не успеавме, затоа што со овој концепт нема можност за успех.  Ова не значи дека ќе се повлечеме, затоа што на Белград му треба квалитетно пиво. Продолжуваме во друга насока со поинаков концепт. Можен е почеток на вложување во иднината со нови проекти во Србија“, соопштија од компанијата.

М6 влезе во БИП во 2017 година, кога ги зема под закуп сите брендови на пиварницата. 

Белградската пиварница била основана во 1872 година, а под името „Белградска индустрија за пиво" работи од 1963. Пиварницата го имаше најголемиот удел на пазарот во Србија сè до 2000 година, кога почна да ја губи битката со ривалските пиварници.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...