Регион

„Кока кола ХБЦ Србија“ го чистеше брегот на Дунав

03 јул 2019

„Кока кола ХБЦ Србија“ организира голема акција за чистење на брегот на Дунав во седум градови во Србија. 

Вработените во компанијата, претставници на други организации и граѓани, вкупно 350 волонтери, собраа повеќе од 2,5 тони амбалажен отпад од два километри од брегот. 

Веќе 15 години како еден од иницијаторите за одбележување на Меѓународниот ден на Дунав, спроведуваме бројни иницијативи за заштита на сливот на реката во нашата земја. На граѓаните им подаривме дунавски еко-паркови во четири градови: Апатин, Нови Сад, Смедерово и Сомбор. Сакаме да го инспирираме и локалното население за заедно да посветиме поголемо внимание за зачувавње на еко системот, изјави Светослав Атанасов, генерален директор на „Кока кола ХБЦ Србија“. 

Компанијата традиционално го организира Меѓународниот ден на Дунав веќе 15 години, при што соработува со бројни партнери, организации и општини. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...