Регион

„Мид Европа“ го купува „Млинар“

10 мај 2019

„Мид Европа партнери“, водечки инвеститор на приватен капитал во средна и источна Европа, склучи договор за купување на мнозинскиот удел во „Млинар“ Д.Д. 

Трансакцијата ќе заврши до крај на вториот квартал од 2019 година. 

„Млинар“ е водечка малопродажна и големопродажна компанија во Хрватска и работи со најголемата пекарска малопродажна мрежа во југоисточна Европа. Нуди пецива, леб, пијалоци, сендвичи и салати за повеќе од 36 милиони клиенти годишно, низ 220 маркети во Хрватска и во Словенија, и во франшизни маркети во 10 земји. 

Во големопроаджбата, „Млинар“ ги опслужува водечките малопродажни трговски синџири, како и хотели и ресторани.