Регион

„Хофер“ ги повлекува пластичните кеси

23 апр 2019

Трговскиот синџир „Хофер“ во Словенија од јуни ќе ги укине пластичните кеси во своите маркети, а до крајот на годинава ќе ги повлече и пластичните стапчиња за уши, чинии, чаши и прибор за јадење за еднократна употреба. 

Сите тие ќе бидат заменети со еколошки алтернативи, соопштија од компанијата. 

Мерката за укинување на пластичните кеси е дел од иницијативата на трговците наречена „Денес за утре“, со што Министерството за животна средина на Словенија и тамошната Стопанска комора сакаат да понудат избор на производи кој е еколошки прифатлив и да промовираат еколошко купување. 

Купувачите ќе имаат на располагање хартиени кеси и кеси за повеќекратна употреба. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...