Регион

Повеќе од 400 учесници на FMCG Summit во Сараево

19 апр 2019

Вчера во Сараево се одржа 5. FMCG Summit поддржан од НЛБ банка. 

На самитот присуствуваа повеќе од 400 учесници, претставници на најголемите компании во Босна и Херцеговина (БиХ), дистрибутери, производители, претставници на трговски синџири и претставници на водечки компании од регионот. Се ззборуваше за развојот на средноевропската малопродажба, за клучните можности за раст во средна Европа, за тоа кои трговци на мало се движечка сила на тој раст...Говорниците на Самитот се познати и признати експерти кои ги пренесоа своите искуства и примери од праксата значајни за FMCG-секторот. 

Главна порака и заклучок од Самитот е дека прехранбената индустрија е клучна за извоз од БиХ и за интернационализација, но тоа што дополнително треба да се искористи се луѓето, односно дијаспората која се покажа како најдобар комуникациски канал за продажба на домашни производи во Европа и во светот. 

На самитот во Сараево беа доделени признанија за развој и придонес кон FMCG индустријата, кои ги добија: Мирко Шаровиќ, министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Миро Тежулат, долгогодишен директор на компанијата „Ледо“ и Русимир Сендиќ, професор на Економскиот факултет во Сараево. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...