Регион

Нова регионална кампања за Laško пиво

15 фев 2019

Laško пиво лансира нова регионална кампања во која главни улоги се кошаркари од Балканот – Александар Ѓорѓевиќ,  Богдан Тањевиќ, Дино Раџа и Радослав Нестеровиќ, но и играчите од нивните земји.

Легендите на балканската кошарка пред себе имаат заедничка цел, да бидат главни мотиватори на младите кошаркари кои треба да научат како да го изградат својот карактер и како најдобро да се подготват за предизвиците што ги очекуваат. Ѓорѓевиќ, Тањевиќ, Раџа и Нестеровиќ веруваат, баш како и Laško, дека карактерот се гради и се развива со посветено вежбање и дека секој труд се наградува со успех, соопштија од компанијата.

Во регионалната кампања за Laško, кошаркарите раскажуваат и за бројни анегдоти кои биле дел од нивните кариери.

Laško пиво е традиционален пријател на кошаркарските сојузи на Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...