Македонија

„Инсајдер ИД“: Граѓаните најмногу купуваат во „КАМ“

19 ное 2019

Потрошувавачите најчесто пазарат во маркетите „КАМ“. Исто така, најмногу го преферираат овој синџир маркети, покажа истражувањето што го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“. 

Истражувањето „Преферирани маркети во Македонија“ беше спроведено од 1 октомври до 10 ноември и во него учествуваа 1.465 активни потрошувачи на територија на целата држава.

Како и претходната и 2019-та е обележана со големо проширување на малопродажните синџири маркети кое најчесто е карактеризирано со агресивно проширување на физичката мрежа, како на територијата на главниот град Скопје, така и на целата држава. Врз база на сите обработени одговори, потрошувачите пазарат во 41 различни национални и локални синџири маркети, соопштија од агенцијата.   

Врз база на прашањата “А1. Во кои маркети најчесто пазарите?” и “А2. Кој маркет го преферирате?” како и во 2017-та и 2018-та, како ланец во кој потрошувачите најчесто пазарат и најмногу го преферираат е тврдиот дисконт “КАМ Маркет” и повторно со сериозна предност пред сите останати со 61 отсто.

Како стојат останатите синџири маркети, како и за целосните резултати од истражувањето, ќе прочитате во следниот, декемвриски број на магазинот InStore. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...