Македонија

Нов маркет „Рамстор“ во Карпош

11 ное 2019

Компанијата „Рамстор“ – Македонија отвори нов маркет во петокот (8 ноември), лоциран на улица Прашка, бр. 11/2 во скопската населба Карпош.

Модерно дизајнираниот „Рамстор“, кој е 28. на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 530 м2 и располага со дополнителен магацински простор. За услугата се грижи тим од вкупно 16 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.

Во новоотворениот маркет потрошувачите во секое време имаат избор од свежо овошје и зеленчук, свежо месо, готови јадења, топол леб и пекарски производи, како и повеќе од 10.000 други производи. Маркетот работи седум дена во неделата, од 8:00 до 22:00 часот.

Отварањето на овој маркет беше обележано со голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи, а покрај големите попусти, потрошувачите ја искористија и својата „Рамстор“ клуб-картичка за дополнителни бенифиции при купувањето, се наведува во соопштението.

Со новиот маркет , синџирот „Рамсторе“ – Македонија достигна до вкупно 28 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 23.800 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.

Иако е дел од интернационалната мрежа, присутна во повеќе држави под закрила на најголемиот синџир на супермаркети во Турција – „Мигрос“, „Рамстор“ работи со стратегија да соработува со локалните увозници, произвеодители и дистрибутери, со што активно учествува во поттикнувањето на македонската економија, истакнуваат за InStore од „Рамстор“ – Македонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...