Македонија

Почна обуката за КА-менаџмент со Дарко Лукиќ

07 ное 2019

Дваесетина претставници на повеќе македонски компании учествуваат на обуката за КА-менаџмент што денеска и утре се одржува во Јавна соба, во организација на магазинот InStore. 

Предавач е Дарко Лукиќ, маркетинг-консултант за водечки компании, добро познат на поранешните ЈУ-простори, но и во Македонија, преку претходните обуки на InStore. 

На обуката присуствуваат професионалци за продажба, КА менаџери и менаџери за продажба од водечки компании од FMCG-секторот кај нас. Повеќе за целите и агендата на работилницита можете да прочитате тука. 

Следната обука со Лукиќ е за бренд менаџмент, а ќе се одржи на 14 и 15 ноември. Не чекајте, навреме резервирајте место за бренд-менаџерите, сениор-бренд менаџерите и маркетинг менаџерите во вашата компанија! Детали за обуката тука.