Македонија

Нов „Деликатесен Тинекс“ на Водно

30 окт 2019

„Тинекс“ го отвори вториот маркет „Деликатесен Тинекс“ (Delicatessen Tinex), лоциран на улицата Питу Гули, бр. 59 во скопската населба Водно.

Новиот маркет е сместен во приземјето на приватен станбен објект и располага со 120 квадратни метри продажен и 30 квадратни метри магацински простор. Во маркетот работат вкупно 15 вработени од различен профил, а потрошувачите се услужуваат на две наплатни каси.

„Деликатесен Тинекс“ е маркет со посебен концепт, создаден за вистинските гурмани. Тоа по што овој формат се издвојува е уникатниот асортиман на сувомесни и млечни производи од различни земји, квалитетното свежо месо и расеци од говедско месо, како и  традиционалните италијански тестенини, чипсови, мармалади и голем број слатки десерти со премиум квалитет, истакнуваат од „Тинекс“.

Како надополнување е и винотеката со широка и разновидна понуда од традиционални сортни вина од лозовите предели на Италија, Франција, Шпанија, Португалија и др. Асортиманот на алкохолни пијалаци е надополнет и со голем избор на пива и ексклузивни жестоки пијалаци.

Со отворањето на првиот „Деликатесен Тинекс“ во 2015 година почнавме нов концепт што дотогаш не беше присутен на нашиот пазар, каде што најубавите деликатеси од целиот свет да може да се најдат на едно место во нашиот град. Големиот интерес за овој вид производи покажа дека македонските потрошувачи умеат да го препознаат вистинскиот квалитет и сакаат да уживаат во префинетите вкусови. Се надеваме дека и во иднина, бројот на  маркети од овој формат ќе се зголемува, изјави за InStore Цветанка Христовска, бренд-менаџер на „Тинекс“.