Македонија

„Пиварци“ и пријателите го чистеа кејот на Вардар

18 окт 2019

Голема еколошка акција се спроведе од двете страни на кејот на Вардар кај мостот „Близнак“ во која учествуваа амбасадори, градоначалници и волонтери од „Пивара Скопје“, „Пакомак“, СОС Детско село и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Сите заедно собраа отпад кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран. Нуркачи од спелеолошкото друштво „Врело“, пак, вадеа отпад од реката.

Генералниот директор на „Пивара Скопје“, Дан Тимотин, изјави дека акцијата е во рамки на заложбите за „Свет без отпад“ и изрази задоволство што со секоја нова акција се зголемува бројот на нивните партнери кои ги делат истите вредности.

Со ваквите волонтерски активности кои ги организираме заедно со нашите партнери, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за идните генерации, рече Тимотин.

Ико Брдароски, директор во „Пакомак“, нагласи дека постојат компании и субјекти кои пласираат различна амбалажа на пазарот и генерираат отпад, а не учествуваат во финансирањето на системите за негово собирање и рециклирање, ниту ѝ плаќаат на државата со што директно го оштетуваат буџетот и животната средина.

Во еко-акцијата се вклучија Дирк Јан Коп, амбасадор на Холандија, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија и Кејт Брнс, амбасадорка на САД.

Ова беше четврта еко-акција во организација на „Пивара Скопје“. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...