Македонија

Доделени наградите за социјално претприемништво

09 окт 2019

Награди за социјално претприемништво во земјава им беа доделени на најдобрите млади претприемачи преку едногодишната програма „Social impact award".

За три најдобри решенија беа прогласени идеите EdiStraw, TreeBanks и CoSense. За нив, „Шпаркасе банка“ обезбеди парични награди во висина од по 2.000 евра. Четвртиот победник „Дружење без граници” доби ваучер за посета на настан во странство. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Киев каде ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.

Среќни сме што Treebanks е препознаена како идеа со социјален импакт. Се радуваме што наградата ни дава можност да се презентираме интернационално во Киев, изјави Невен Стевчев од TreeBanks.

Програмата е организирана од Бизнис „Импакт Лаб“, со поддршка од „Шпаркасе банка“, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и „Пакомак“.

На конкурсот беа пристигнати вкупно 36 апликации.