Македонија

Втор „Дием-ГП“ во Битола

03 окт 2019

На 23 септември беше отворен новиот специјализиран маркет „Дием-ГП“ на улицата Асном, бр. 1А, веднаш до влезот на болницата во Битола.

Овој продажен објект е втор во Битола, односно 17. во синџирот специјализирани маркети „Дием-ГП“ во земјава.

Новиот маркет располага со продажна површина од 30 квадратни метри и со магацински простор од 10 квадратни метри. За услугата се грижат двајца вработени, а купувачите се услужуваат на една наплатна каса. Со оглед на тоа што станува збор за специјализиран маркет, асортиман го сочинуваат околу 500 производи, најмногу од производствената палета на „Дием-ГП“, но и други производи што компанијата ги увезува за македонскиот пазар.

Со отворањето на вториот специјализиран маркет „Дием-ГП“во Битола, уште повеќе ги доближивме нашите квалитетни производи до потрошувачите од овој град. Мрежата ќе продолжиме да ја прошируваме понатаму и во другите градови, бидејќи преку синџирот на специјализирани маркети, потрошувачите го добиваат целиот наш асортиман по најдобри цени. Исто така, преку маркетите, директно комуницираме со потрошувачите и на тој начин најбрзо и најлесно ги остваруваме нивните желби и барања, изјави за InStore Димитар Атанасов, маркетинг-менаџер на „Дием-ГП“.

Тој додава дека се при крај подготовките за следниот маркет, кој ќе биде отворен за 10-ина дена во Прилеп.