Македонија

Вкупно 14 компании добија сертификати за халал-стандарди

03 окт 2019

На 14 компании денеска им беа доделени сертификати кои имплементирале халал-стандарди во периодот од јануари до јуни 2019 година, настан кој беше организиран под покровителство на Агенцијата за спроведување на халал-стандардот во Македонија.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека доделувањето на сертификати за компании кои го применуваат халал стандардот, за што седма година по ред Министерството за економија доделува субвенции, претставува своевидна потврда за подобрување на конкурентноста на компаниите и „зелена карта“ при обезбедувањето пласман на нови пазари. Тој ги повика сите компании и деловни субјекти кои сакаат да го зголемат својот извоз, да настапат на трети пазари, но и да ги подобрат своите услуги за туристите да аплицираат и да ги користат средствата од субвенциите. 

Ние ќе продолжиме со поддршката на сите компании да станат се поконкурентни како на домашниот, така и на странските пазари, но и да се зголеми туристичката понуда на земјава, рече Бектеши. 

Глобалниот халал-пазар се проценува на повеќе од 800 милијарди долари, додека само европскиот пазар над 66 милијарди долари годишно.