Македонија

Специјално издание во ноември! InStore и оваа година избира 100 ТОП брендови на полица!

19 сеп 2019

Магазинот InStore и оваа година организира избор на 100 ТОП брендови што секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2020 година. Брендовите ќе бидат објавено во специјалното издание „100 MUST HAVE 2019/2020“, што ќе излезе кон крајот на ноември. 

Станува збор за избор на брендови што InStore лани го направи за првпат во Македонија и помина одлично кај трговците. Според нивните позитивни реакции, оваа година очекуваме уште поголем интерес за место во „100 MUST HAVE 2019/2020“. Минатогодишното специјално издание можете да го видите тука

Изборот ќе биде направен врз основа на телефонска и на теренска анкета што InStore веќе почна да ги спроведува во 50 категории производи. Во специјалното издание ќе има и истражувања за најчесто купуваните македонски и странски брендови, за лојалноста на потрошувачите кон брендовите и други истражувања што за нас ги прават реномирани истражувачки агенции.  

Целта на проектот „100 MUST HAVE“ е да ја олесниме работата на трговците и на производителите/дистрибутерите - кај едните за изборот, кај другите за поставување на нивните производи во малопродажните места низ Македонија. Тоа е мал придонес во вечната борба за полица, борба која брендовите што ќе се најдат меѓу 100-те избрани од трговците успешно ја водат на повеќе полиња. 

Изборот на 100 ТОП брендови е регионален проект на „In Store“. Специјални едиции се издаваат во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Србија. 

Сигурни сте дека Вие треба да сте дел од 100-те ТОП без кои не се може? Тогаш, не ја пропуштајте можноста да влезете во ова елитно друштво! За повеќе информации за продажбата на огласниот простор, можете да нè контактирате на info@instore.mk; meri@instore.mk или на тел. + 389 (2) 3067 572.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...