Македонија

Трка на радоста со „Бучен Козјак“

04 сеп 2019

Повеќе од стотици ученици од Битола и од Скопје учебната година ја почнаа со хуманитарната Трка на радоста.

Во двата града се одржаа две трки, „Првачињата трчаат“ - трка на 200 метри за деца на возраст од 5 до 6 години и „Учениците трчаат“ - на 500 метри за деца на возраст од 7 до 12 години. Во Битола трките се одржаа на Градското шеталиште, а во Скопје во Градскиот парк.

Детската трка е  забавен и хуманитарно-едукативен настан чија главна цел е донација на  училиштен материјал за деца од социјално загрозени семејства, како и подигнување на свеста кај децата и нивните родители за потребата од спорт и правилна физичка активност.

Трката ја организира tbv.mk, заедно со млекарницата „Бучен Козјак“, која на трката на дечињата им подели од новиот Пробиотски јогурт.

Собраните средства од трката ќе им донесат радост и на дечињата од социјално загрозени семејства, кои ќе бидат донирани преку здружението „Проект Среќа“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...