Македонија

Првата хуманитарна „Праскијада“ ќе се одржи утре

30 авг 2019

Првиот хуманитарен настан „Праскијада 2019“ ќе се одржи утре (31 август), на Школка во Градски парк.

Настанот, кој е во организација на „Сите сити“ и е поддржан од УСАИД преку проектот за граѓанско учество, е иновативно решение како да се справиме со вишокот праски од производителите, а воедно да им се помогне на социјално загрозените граѓани. Оваа го истакнаа Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити“, и  Игор Јордановски, оперативен менаџер на хотел „Мериот“ на денешната прес-конференција.

На „Праскијада 2019“ ќе учествуваат повеќе угостителски објекти („Мериот“, „Јавна соба“, „Сквиз ми“, „Амбрела“), компанијата .„Витаминка“ и училиштето за рехабилитација и образование – „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Со своите штандови, тие на посетителите ќе им понудат производи направени од праски: торта, компот, пита, колачи, салата од праска, свежо цедени сокови и др.

Собраните средства од настанот ќе се искористат за дистрибуција на 20.000 оброци, таму каде што се најпотребни.

Очекуваме посетеноста да биде голема. Луѓето што ќе бидат дел од настанот ќе имаат можност да дегyстираат вкусна храна и да уживаат во добра музика. Се надеваме дека во иднина „Праскијадата“ ќе прерасне во една убава традиција, изјави Јосифовски.

Тој додава дека има потреба од организирање активности и за други земјоделски производи. Сакаме да видиме како ќе помине овој настан за праските и како клиентите ќе реагираат. Почнуваме со праскити, но размислуваме и за други активности. На пример, од септември до октомври планираме да организираме активности преку кои граѓаните ќе можат да ги посетуваат бербите на јаболка, фарми. Сакаме да им го доближиме земјоделското производство, да видат колку колку е тешко да се дојде до производ и колку е жално кага целиот труд се фрла поради лошо планирање или неорганизираност, заклучува Јосифовски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...