Македонија

На повидок ли е трговска војна со Косово?

19 авг 2019

Откако Косово воведе ограничување на увоз на мед и компири од нашата земја се поставува клучното прашање колку нашата земја ќе изгуби од евентуалното заострување на трговските односи.

Ваквиот потег следуваше по воведената забрана од македонската Влада за увоз на рибен подмладок и икра од Косово. Причината е тоа што Косово не врши контрола на тие производи, односно не вршат мониторинг кој го бараат европските пазари. Без таков сертификат не може да се извезува и риба од земјава на ЕУ-пазарите. Од Агенцијата за храна објаснија дека блокадата ќе се тргне веднаш штом Косово ќе се најде на позитивната листа на Светската здравствена организација според безбедноста на икрата и младата риба.

Министрите за економија и за земјоделство, како и директорите на Агенцијата за храна и на Царинската управа, најавија средба, по што ќе информираат за наредните активности.

Според податоците на Државниот завод за статистика Косово е на 12. место на листата најголеми трговски партнери на нашата земја. Во првите шест месеци годинава вкупната трговска размена меѓу двете земји изнесувала 152,5 милиони евра, од кои на извозот кон Косово отпаѓаат 139 милиони евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...