Македонија

(ФОТО) Се отвори комплексот „Вива фреш“

09 авг 2019

Денеска во Скопје се отвори „Вива фреш“ (Viva Fresh Store), трговски комплекс од 10.000 квадратни метри, кој е дел од истоимениот синџир од Косово. 

Во комплексот има хипермаркет со површина од 5.000 квадратни метри, најголем во државата, повеќе партнерски дуќани кои продаваат бела техника, гардероба и козметика, како и посебен дел каде се служи храна.

Во хипермаркетот можат да се најдат над 42.000 артикли. Комплексот реализирал вкупно 140 вработувања (70 во хипермаркетот и уште 70 во партнерските продавници).  

Планираме агресивно ширење, не е уште одлучено дали ќе биде преку органски раст или преку аквизиција. Имаме план од пет години да бидеме лидери во овој сектор во државата, изјави Беким Бекири, директор на „Вива фреш“ во Македонија. 

Работното време на комплексот е од 7 часот до 24 часот во сезона (уште овие два месеци) и од 7 часот до 23 часот надвор од сезона. Објектот е лоциран на булеварот „Македонско - косовска бригада“ 1/1 во Топанско Поле во општина Чаир, односно на патот што води од Топанско Поле кон Шуто Оризари.  

„Вива фреш“ почна со работа во 2003 година во Косово, каде има отворено 60 маркети во 21 град и на потрошувачите им нуди повеќе од 60.000 различни производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...