Македонија

„Веро центар“ најави голема летна распродажба

06 авг 2019

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе има од утре до 11 август во „Веро центар“ во Скопје.

Од компанијата соопштија дека потрошувачите ќе може да најдат голем избор на производи во речиси сите продавници меѓу кои и  „Васидора“, „Би воч“, „КРШ бебе“, „Дуки Дасо“, „Спорт М“, „Еликсир“, „Анхоч“, „Спорт риалити“, „Ивама“, „Гудис“, „Сара фешн“ и други.

Во летниот период вообичаено се намалува интензитетот на активности, но ние одлучивме да излеземе од тој шаблон и да организираме настан кој е наменет токму за луѓето кои топлите денови ги минуваат во Скопје. Ќе бидат вклучени речиси сите продавници во „Веро центар“ и нашата цел е да понудиме соодветен и богат избор за целото семејство. Како и досега, фокусот е потрошувачите да имаат незаменливо, комфорно искуство и токму тоа беше мотивот за организација на распродажбата, изјави Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.

WOW распродажбата се организира трет пат, а менаџерскиот тим на компанијата „Веропулос“ посочи дека во план е настанот да прерасне во традиционален.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...