Македонија

Се очекува да се зголеми бројот на вработени во преработувачката индустрија

16 јул 2019

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2018 година.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2019 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на мај 2019 година и изнесува 21.3, а во однос на јуни 2018 година е зголемен за 1.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2019, во однос на мај 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2018 година.Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2019 година изнесува 69.9 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26.2 отсто, недоволната странска побарувачка со 15.6 отсто, недоволната домашна побарувачка со 14.4 отсто и неизвесното економско опкружување со 11.9 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...