Македонија

„Тиамо“ отвори нов погон за преработка на месо

04 јул 2019

Фабриката „Тиамо“ денес отвори нов погон за преработка на месо во Глумово, општина Сарај. 

Станува збор за инвестиција вредна четири милиони евра, дел поддржана од ИПАРД.

Ова е резултат на нашата макотрпна работа повеќе од десет години, на нашата долгорочна, развојна цел, но и резултат на институционалната поддршка, рече Хајурн Сулејмани, сопственик на фабриката.

Вградена е современа и напредна технологија според меѓународните стандарди за поефикасно, полесно, побрзо и поквалитетно производство. Во погонот ќе има 30 нови вработувања. 

Според премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на отворањето заедно со министерот за земјоделство Трајан Димковски и со градоначалниците на Скопје и на Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети, новата фабрика на „Тиамо“ е уште еден успешен пример како со помош на европските фондови може да се унапреди, развие и осовремени производството.

Нашата цел е да ја направиме конкурентна и извозно ориентирана месната индустрија, а потенцијалот за тоа е голем. „Тиамо“ е одличен пример за придобивките од ИПАРД и за поддршката што ни ја дава ЕУ, изјави Заев.

И градоначалникот Реџепи ја нарече успешна приказната на „Тиамо“, најавувајќи во наредниот период уште четири до пет нови инвестиции. Општината, нагласи, останува отворена за соработка со бизнис секторот.

„Тиамо“ е само еден доказ како кога некое семејство се посветува на бизнисот, резултатите не изостануваат, особено ако има поддршка од локалната и централната власт. Ова нека биде почеток. По десет години очекувам повторно да е соберете за нов капацитет, рече тој. 

Новиот ојектот за преработка на месо во Глумово зафаќа површина од 3.000 квадратни метри. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...