Македонија

Претседателот Пендаровски ја посети Стопанската Комора

19 јун 2019

Бизнис заедницата целосно да се вклучи и да се искористи нејзиното знаење и капацитет во претстојниот преговарачки процес со ЕУ, повика денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и со потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.

Историски важен факт за нашата земја е тоа што сме на самиот праг да се зачлениме во НАТО алијансата. За разлика од многумина кои мислат дека станува збор само за организација што се грижи за безбедноста и без какви било последици во останатите области, јас не се согласувам. Не постои ниту една држава во светот која има добра економија, која не е асоцирана во поголемите организации од овој тип, особено не во Европа. И оние земји кои не се формално членки од ЕУ, како што е Швајцарија, тие се дел со серија потпишани договори децении наназад се дел од европскиот заеднички пазар, сметајте како да се членки на ЕУ, рече Пендаровски.

Тој додаде  нема да  дозволи да биде ставен пред свршен чин и да служи само за потпишување на закони, туку ќе се труди да нема подготовка на закон што се однесува на стопанството без да биде вклучена бизнис заедницата.

Ова е прва посета на претседателот Пендаровски на Стопанската комора. Пред Пендаровски беше претставена работата, структурата и активностите на Комората. Пендаровски најави дека ќе се сретне и со претставници и на другите комори во државата.

Стопанствениците од Пендаровски побараа поголема стабилност во постапката на носење закони, поголема промоција во странство и нивно вклучување во процесот, поголема промоција на бизнис заедницата во странство, но и вклучување во процесот на одликувања за остварени придонеси во општеството.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...