Бизнисмени од Нусајбин, Турција, в среда, 19 јуни, доаѓаат во Скопје. Ќе учествуваат на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО).
На форумот се предвидени Б2Б средби и воспоставување соработка. Турските компании од Нусајбин, провинција што граничи со Сирија, се заинтересирани за партнерства со наши фирми.
Земјава ќе ја посетат компании од повеќе области: градежништво, прехранбена индустрија, трговија, текстил, мебел, земјоделство… Тие се заинтересирани за соработка и воспоставување партнерства со наши, македонски фирми. Денешната економија на Нусајбин е поврзана со стопанските активности и трговијата во Сирија. Но, Нусајбин е исто така и трговски и административен центар за локалното земјоделство, велат од МАТТО.
Деловниот форум во Скопје е поддржан од Стопанската и индустриска комора на Нусајбин.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.