Македонија

Трошоците на живот растат на годишно ниво

08 окт 2018
Трошоците на животот во септември 2018 година,  во однос на претходниот месец,бележат намалување за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,7 проценти.
 
Статистичките податоците покажуваат дека трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со септември лани забележан е пораст од 1,5 отсто, а цените на мало од 2,6 отсто. 
 
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за два отсто, другите прехранбени производи за 0,8  отсто, трбушките за 0,7 отсто, сирењето и урдата за 0,5 отсто, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,3 отсто, брашното и другите жита, замрзнатиот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 0,2 отсто. 

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 7,4 отсто, замрзнатото овошје за 0,7 отсто, конзервираното овошје за 0,6 отсто, рибата и морските плодови за 0,5 отсто, млекото за 0,4 отсто, другите преработки од месо, алкохолните пијалаци за 0,3 отсто и оризот за 0,2 отсто. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...