Македонија

Кај Струга ќе се гради фабрика за козметика

07 сеп 2018
Во технолошко индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга почна да се гради фабрика за производство на козметика на на компанијата „Reci & Sons Enterprise" (формирана во 2012 година во Њу Џерси).
 
Компанијата е во сопственост на Арбнор Речи, иселеник од Македонија во САД. 
 
Инвестицијата се проценува на околу три милиони евра. Се состои од истражувачка лабораторија и капацитети за производство на средства за лична хигиена. Објектот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни. Првично е планирано вработување на околу 250 лица од охридско-струшкиот регион, а потоа тој број да се искачи на 700 вработени.  

„Оваа инвестиција е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот. На овој начин можеме да обезбедиме иднина, со која Македонија ќе извезува производи, а не луѓе. Стабилноста и растот ќе овозможат подобар живот за нашите деца како и подобра иднина за луѓето. Производите за лична хигиена што ќе се произведуваат овде, освен во Европа очекувам да се извезуваат и низ целиот свет. Ова беше сон на мојот татко и среќен сум што се враќам овде", изјави инвеститорот  Речи. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...