Македонија

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци и тутун

03 сеп 2018
Во јули годинава е остварен повисок промет во трговијата на мало во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС)
 
Според ДЗС, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.4 отсто, а реално за 10.6 отсто), трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7.4 отсто, а реално за 5.2 отсто) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10.3 отсто, а реално за 7.9 отсто). 

Во групата трговија на мало со автомобилски горива, прометот номинално е зголемен за 16.2 отсто, а реално е намален за 4.7 отсто, покажуваат податоците на Заводот за статистика

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...