Продажба

Даворка Биондиќ Винце: Синдромот „кароши“ или смрт од работа

20 фев 2017
За да бидеме среќни, успешни и здрави, треба да се приспособиме на новите услови или да создадеме други, со кои целосно ќе го оствариме сонот.
 

Автор: Даворка Биондиќ Винце, тренер за деловно преговарање, www.poslovno-pregovaranje.com

Оваа колумна со сигурност нема да ја прочитаат тие на кои се однесува, само од една причина – немаат време! Немаат време за одмор, слушање, учење, читање, музика, за концерт... Немаат време за децата, семејството, пријателите, за викенд-патување...

Немам намера да пишувам за управувањето со времето, туку за автодеструктивниот модел на работа и на живот под рачна кочница, исполнет со летаргија, емоционална исцрпеност и со бесцелно талкање.

Само мал дел од вработените имаат јасно дефинирана цел во животот – другите стихијно лебдат низ животот и одработуваатдо пензија, надевајќи се дека тогаш ќе им биде подобро. Секако, за тоа се виновни владата, глобалното затоплување, поранешниот премиер, шефот, кризата...

Парадигми, како што се Шефовските позиции се за некој друг, а не за мене!, Нема шанси да успеам!, Денес е тешко да се најде нова работа!... слушам секојдневно и ме загрижуваат. На тој начин живее и работи и мојот поранешен колега, кој постојано се жали и го критизира шефот, од 12 до 14 часа дневно ја работи работата што не ја сака и е полн со изговори поради кои не е вистинското време за нова работа. Користи само неколку дена од годишниот одмор, но и тогаш чувствува грижа на совеста поради купот недовршена работа. Живее во сопствениот психички затвор веќе 16 години и го храни мозокот со негативни мисли за себе. Го прифатил верувањето за невозможноста од промена и ја ставил судбината (среќата) во рацете на надворешните фактори.

Колешката, која има 49 години, вели дека мора да работи прекувремено, честопати и за време на викенд, бидејќи такви се времињата и тоа се очекува од неа. Шефот ѝ врши мобинг, но таа вели: Добро е сè додека платата е редовна! Уморна е, ненаспана, анаксиозна и незадоволна. Со нетрпение ја очекува пензијата, верувајќи дека не се може поинаку.

Возење под рачна кочница

Програмирани сме уште од детството. Една моја познаничка честопати нагласува дека нема пари и затоа не може да си дозволи летување, приватен лекар, замена на дотраените водоводни цевки... И тоа секојдневно си го повторува себеси, на сопругот, децата, на продавачот... И децата се програмирани на истиот начин и се однесуваат како сиромашни: ги избегнуваат родендените на другите деца, депресивни се, изгледаат неуредно и се задоволуваат со трошки. Програмирани се на сиромаштија и такви ќе останат, ако не ги променат сопствените мисли.

Додека бевме деца, можевме сè – ништо не можеше да нè запре, ниту една пречка. Но, полека, полека, тоа чувство на непобедливост ни го истерале од главата преку забрани (од семејството, учителите, општеството), сè додека и самите не сме престанале да веруваме дека можеме.

Голем број од вработените се мазохисти, односно дозволуваат понижување и закани од менаџментот и од сопственикот и не умеат асертивно да се изборат за себе. Никогаш не е прерано да му се каже не на понижувањето, искористувањето и на заканите! Депресијата е во пораст. По ходниците на компаниите се делат антидепресиви и препораки за тие што сигурно и брзо дејствуваат. Психијатарот, проф. д-р Џулијано Љубичиќ, вели дека депресијата е крик за љубов, почит и за пофалба. Факт е дека пациентите доаѓаат кај него да се лечат, но не и да се излечат. Дури кога ќе ја најдете смислата на животот – тогаш сте излечени, вели тој.

Не ги живееме сопствените соништа, туку стравовите

За стравот, зборува психологот, проф. Барбара Ружиќ:

Тој е еден од најголемите блокатори, кој може да нè спречи во остварувањето на тоа кон што се стремиме, а честопати не сме ни свесни за тоа. Поради нереалната самоперцепција, склоноста кон потценување и кон лична несигурност, поставуваме многу пониски цели од тие што би можеле да ги оствариме. Се сеќавам кога пред 10 години отворив компанија, еден од првите клиенти ми се јавувуваше во 10-11 часот навечер. Разговарав со него, вклучував компјутер и фаќав забелешки, сè додека не се освестив дека, во основа, станува збор за страв од неуспех, односно од губење на клиентот. Затоа, поставив граници. Првиот неизбежен чекор во управувањето со емоционалниот страв и со негативните емоции што следат, е освестувањето. За тој чекор може да ни помогнат (ако сакаме да ги слушнеме) пријателите, колегите или кој било, во кого имаме доверба. Потоа треба, буквално, да стенеме Шерлок Холмс. Тој или кој и да е друг детектив, не ја апси првата личност што ќе ја најде на местото на злосторството. Зошто, тогаш, се фаќаме за првата негативна мисла и ѝ дозволуваме да се зголемува? За да го избегнеме тоа, корисно е да трагаме по докази за оправданоста на тие мисли. Доказите (односно, противдоказите) ги бараме во претходните искуства. Во искуствата, сигурно ќе најдеме доволно докази дека правилно сме постапиле, сме направиле нешто добро и квалитетно, односно сме биле успешни во работата. Да не заборавиме дека се раѓаме со два страва: страв од губење на подлогата и страв од силни звуци. Сите други стравови се научени. А, ако се научени, можеме од нив и да се одучиме. Ако сакаме.

Тоа што е добро, денес повеќе не е доволно добро. Самите си поставуваме повисоки цели: Мора да го научиш и ова за да бидеш поконкурентен!,Мора да работиш повеќе за да се докажеш! Се форсираме со уште поинтензивна работа. Со животот на голем број вработени, владее работата, но менталниот состав не е приспособен на тоа темпо на живот, на мултитаскингот и на количеството информации кои нè бомбардираат. Нашиот емоционален систем не може да издржи толку многу обврски за толку краток рок.

 

Што да се направи?

Не може да не менувате ништо, а да очекувате повеќе и подобро! Најпрвин, треба да решите дека сакате да ја промените состојбата. Важно е од глава да се исфрли постојаната загриженост (од 85 до 90 отсто од грижите никогаш не се остваруваат).

Досегашното искуство ми вели дека мал број вработени планираат и си поставуваат мерливи цели во животот и во работата. Дури и да поставиле цел, набргу се откажуваат. Им недостига трпеливост, пожртвуваност, упорност и самосвесност. Воопшто не го прават првиот чекор, а сонуваат големи сништа. Се плашат од промените и повеќе би сакале да останат во познатото мочуриште. Поголем дел од нив, од будење до заспивање, мозокот го исполнуваат со негативни мисли: Нема да можам!, Нема шанси нешто да се промени! Се откажале од животот, пријателите, од омиленото хоби... Зборовите не можам ни одземаат сила и нè прават послаби.

За да бидеме среќни, успешни и здрави, треба да се приспособиме на новите услови или да создадеме други, со кои целосно ќе го оствариме сонот. Вербата во себе е избор. Престанете да се задоволувате со помалку од тоа што очекувате. Вашата иднина почнува сега! Ако сакате да бидете среќни – бидете! Тоа зависи само од ва


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...